СВЕДОЧЕЊА ОД ЖРТВИ НА ЖИВОТОТ ВО КАЗИНО

Ја отварам темава бидејќи сум доста испаничена. Работата малку излезе од контрола и сега речиси невозможно е да се сопре. Со мојот дечко сум речиси 5 години во врска, прв пат во Астра стапнавме заедно со незначителен влог од 200 денари. Со ќар 400-500 денари излегувавме пресреќни. Веднаш ќе ги потрошевме парите наваму, натаму па и кога ќе ги изгубевме не ни беше мака.
Работата малку се искомплицира, неговите му даваа пари за факултетот а тој ги оставаше во Астра. Кога влезе во го*на до гуша најде излез земајќи кредит (негов другар го зема а дечко ми му го отплаќаше) Со парите од кредитот успеа да направи пари за да го среди факултетот, останатите ги изгуби. Му остана цел кредит за исплаќање, а никаде не работеше.
Се вработи почна да ја собира платата и со истите пари повторно да се коцка надевајки се дека ќе излезе во + но излезе во огромен –
Остана и без пари да го отплати кредитот и без плата.
Го убедив да разговара со мајка му, тој толку добро ја обработил жената што таа му дала пари. Чиста среќа што со истите успеа да направи пари во Астра и да го врати кредитот. Мене многу ми олесна што не е никаде должен НО тука играта не престанува. Сега се во прашање огромни влогови. Некогаш излегува во ќар 70-80.000 денари но некогаш и многу губи. Парите му се вртат во круг постојано.
Ова не наликува на шала ниту па на забава. Секогаш го слушам истото: Ти не се вознемирувај ова не се мои пари, нивни се. Тоа е точно но што кога ќе ги изгуби сите нивни пари?
Возрасни сме и размислуваме за заедничка иднина и семејство. Мене ми треба стабилен човек, тој дури и работата сака да ја напушти затоа што заработува цела годишна плата за 1 саат во Астра.
Не се вади леб од коцка. Многу сум вознемирена, понекогаш му претам дека се ќе им кажам на неговите но залудно.
Вели дека нема да трае ова вечно и дека не е глупав заради Астра повторно да поминува низ истото.

Јас само сакам ова да престане и да функционираме како сите нормални луѓе. Кога ќе помислам на парите кои постојано му се вртат во круг се згрозувам сумата не е играчка. 100.000 денари во џебот не се играчка.

Се извинувам ако постои ваква тема, проверив но не најдов ништо.

Незнам дали сте се соочиле некогаш со нешто вакво, но верувајте ова е исто како дрогата и алкохолот. Создава се поголема зависност. Сакам ама незнам како да му помогнам да ја остави Астра. Се чувствувам немоќна. Се обидов со муабет, залудно. Целиот муабет го заборава за 5 мин.

М.А (Скопје)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *