САСА пресилна за ФК Победа од Прилеп. Бодовите останаа во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 28.10.2019 година – Во сабота, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра натпревар од десетото коло од Втората фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ФК Каменица САСА и ФК Победа од Прилеп.

Натпреварот започна со целосна доминација на домаќините, што создаде неколку изгледни шанси за гол во гостинската мрежа. Сепак, на одмор екипите отидоа со нерешен резултат.

Во второто полувреме, домаќините продолжија со силниот притисок. Постојаната игра пред гостинскиот гол созададе шанса за гол во 60 минута која Ненад Нешовски ја искористи и ФК Каменица Саса го отвори резултатот. Со четвртиот постигнат гол сезонава Ненад Нешовски успеа во 78 минута да го затвори резултатот за конечни 2:0.

Ова е значајна победа за ФК Каменица САСА, новите три бода значат шанса за приклучок кон горниот дел од табелата. Следното коло Саса гостува во Крушево против последно пласираниот ФК Питу Гули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *