САСА подобра од третолигашот Кежовица во денешниот пријателски натпревар

Македонска Каменица, 24.02.2019година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 14:00 часот се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Каменица Саса и ФК Кежовица. Домаќините забележаа победа против третолигашот од Штип со 2:1 преку головите на Сашо Велиновски и Даниел Гоцевски. За гостите стрелаше поранешниот фудбалер на каменичани, Емил Рунчевски.

Ова е четврти контролен натпревар на Каменица Саса. Досегашниот биланс на каменичани е, две победи и два пораза од одиграните “контролки” во зимниот преоден рок. Како и на претходните три натпревари и денес беа извршени бројни измени на повеќе позиции од теренот, се со цел да се овозможи дополнително воигрување на тимот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *