Саса победи, пласманот во Втора лига сеуште реалност

Во вчерашниот натпревар што се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на ФК Каменица-Саса извојува победа во дерби натпреварот против Овче Поле. Конечниот резултат на натпреварот е 4:0. Со оваа победа Саса сеуште е во игра за пласман во Втората македонска фудбалска лига, и за освојување на добитното трето место. Засега, третопласирана е екипата на Осогово која има предност од 6 бодови, но и изиграни два натпревари повеќе.

Веројатно патникот во Втора лига ќе го решат овие две екипи, во нивниот меѓусебен дуел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *