Само Стинг распродава концерт за 1 ден

Влезниците за концертот на Стинг, кој ќе се одржи на 15 октомври во арената „Борис Трајковски“, за помалку од еден ден беа комплетно распродадени! Љубителите на музиката на легендарниот британски музичар го послушаа советот на организаторите, чекајќи во редица за да си набават билет за овој ексклузивен спектакл, кој ќе биде во рамките на турнејата „57th & 9th“.

1

2

Како што соопштија од „Авалон“, Стинг доаѓа во Скопје со компплетно своја продукција што на посетителите ќе им овозможи уникатно доживување со светски квалитет. Како специјален гостин на концертот ќе настапи Џо Самнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *