Само Македонска Каменица со позитивен природен прираст од општините на Истокот

Само во Зрновци за три месеци 12 починати и ниту едно родено дете. Ова е фрапантната статистика која на најочигледен можен начин ја дава сликата за празнењето на регионот.

Вкупно, за последните три месеци од минатата година, само по основ на природен прираст, Истокот се намалил за 136 жители или во просек по 1,5 на ден. Толкава е разликата помеѓу бројот на родени и починати.

Од октомври до декември се родиле 382 деца, а починале 518 овдешни жители.

Ако намалувањето продолжи со ова темпо, наскоро цели населени места во регионот целосно ќе исчезнат:

Младите не се женат и тоа е проблем, со тек на времето ќе исчезнат селата а се намалуваат и и младите во градот….изјавија анкетираните

Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *