Самохрана мајка бара покрив над глава за себе и своите деца

04.XII.2017 kamenica.mk

Самохрана мајка бара покрив над глава за себе и своите деца. 62 – годишната Васка Соколова, со децении живее како кираџика по туѓи куќи . Сега о стари години, пензијата не е доволна д аги покрие трошоците, па бара државата да и даде еден од државните станови наменети за случаи како што е таа самата:

  • Јас барам само стан, знам дека има три слободни станови на Станбеното претпријатие и молам еден да ми се додели на мене и моето семејство, кажа Васка Соколова.

Соколова храни двајца синови кои не се вработени, па со парите кои ги дава за кирија, за храна останува многу малку:

  • Нама, едноставно не стигнувата пари. Порано бев преку 60 килограми, сега сум 40, вели Васка.

Иако, по разводот од сопругот, на Васка и децата и следува дел од заедничката куќа , таа нема пари да ги покрие дури ни судските трошоци за да го добие она што по закон ја следува:

  • Имам направено куќа со сопругот, еден дел ми припаѓа мене, ама немам пари за да одам на суд, не можем да платам за датужам и да си го добијам делот назад, кажа Соколова.

Во моментов, Васка и децата живеат под кирија и тешко врзуваат крај со крај. Таа чека одговор на нејзиното барање за доделување на државен стан, но решението од Скопје никако да стигне. Во меѓувреме и оваа зима тие ќе ја живеат под туѓ кров, а наместо за дрва, парите ќе завршат за станарина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *