Сабота 17 Февруари: „Ловечка вечер“ во организација на ЛД „М.Каменица САСА“

sasa rudnik

Ловно Друштво „М. КАМЕНИЦА- САСА“, на 17. Февруари сабота, во Ресторан „Иднина“, со почеток од 19 часот, ќе ја организира седмата по ред „Ловечка вечер“. На оваа средба која традиционално се организира веднаш по завршувањето на ловната сезона, ќе присуствуваат голем број на гости- ловџии од Македонска Каменица и од целиот источен регион. Влезниците се со цена од 550 денари, кое вклучува богато мени. Заради зголемениот интерес за присуство на овогодинешната „Ловечка вечер“, а ограничениот број на билети, заинтересираните лица за присуство се замолуваат да се пријават кај организаторите: Гоце Стоиловски 070 857 181, Благој Миовски 072 278 384 или кај Давор Стојковски 070 310 399.
Како дел од „Ловечката вечер“ покрај богатата забава ќе биде приредена и лотарија на која ќе имаат можност да учествуваат сите гости со купен билет по цена од 50 денари. Како и секоја година, прва награда ќе биде ловечка пушка „Петометка“, втора награда фрижидер и трета награда пушка „Текче“.

Како и секоја година, така и оваа, спонзори на традиционалната „Ловечка вечер„ организирана од ЛД „М.Каменица САСА„ се Рудник САСА и општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *