Русија во вторник излегува од УЕФА? (ekipa.mk)

На 27. декември фудбалската федерација на Русија ќе донесе одлука дали ќе излезе од капата на УЕФА. Русија поради инвазијата во Украина е под санкции па руската репрезетнација како и руските клубови имаат забрана за настапи во ФИФА и УЕФА натпреварувањата.

Доколку руската федерација се одлучи за ваков потег ќе остане под голем знак прашалник што ќе биде со рускиот фудбал во иднина, нешто за што е свесно и раководството на фудбалската федерација.

ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица

„Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како рускиот фудбал ќе се развива во следните десет години. Почнавме да говориме за тоа, но се договоривме дека прво мора да ги анализираме сите можни сценарија и последиците кои следат“, изјави претседателот на ФФР, Александар Џуков.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *