„РУДФУД“ и „ВЕН МАРКЕТ“ се придружија на каменичките фирми кои ги помагаат социјално ранливите категории граѓани

Во време кога целиот свет е соочен со опасна пандемија, а сите мисли и напори се насочени кон зачувување на здравјето на луѓето, од огромно значење е и обезбедување на конкретна поддршка за најранливите категории на граѓани. Каменичките компании, како и во минатото, така и сега покажауваат огромна општествена одговорност. Иако многу од нив се соочени со сериозни економски загуби, тие не забораваат дека на дел од локалната заедница му е потребна помош.

Први кои реагираа и се придружија на помошта која ја обезбедува локалната самоуправа се Ресторан „Шизик“, „Величковски Комерц“ и „ВинПро“. Овие фирми обезбедија основни прехрамбени продукти кои ќе бидат поделени на социјално-загрозените категории на граѓани од подрачјето на општина Македонска Каменица.

На оваа група компании и се придружија и каменичките „РУДФУД“ и „ВЕН МАРКЕТ“ кои обезбедија храна, средства за лична хигиена и дезинфекциони артикли. Донираната помош веќе се распределува на најпогодените граѓани преку мобилните тимови формирани од општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *