Рудник Саса ќе инвестира во ново јаловиште по сите стандарди. Каменица и регионот ќе бидат безбедни.

Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградбата на новото јаловиште на Рудникот Саса беше ставена на увид на граѓаните. Експертите тврдат дека новото јаловиште ќе се гради по сите стандарди и ќе биде безбедно, како за жителите на Македонска Каменица, така и за регинот. Во изработката на студијата се користени 35 технички документи, но и меѓународни научни трудови.

Јаловиштето кое ќе го гради рудникот е четврто по ред во 50-годишното постоење на Саса. Во  трите јаловишта досега се депонирани 19 милиони тони јаловина, а новото јаловиште ќе биде  со зафатнина од околу 3, 170 милиони метри кубни и се планира да се користи наредните 7 години.

Но, она што ги интересираше жителите на Саса, беше прашината од јаловиштата која и досега им создава проблеми. 

„И ние не сакаме да имаме проблеми со локалното население со кое секогаш сме имале добри односи и добра соработка. Ќе работиме како да го надминеме овој проблем, но целосно сигурно никогаш не можеме да го решиме“ – изјави Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој на Рудник „Саса“.

По добиените дозволи од сите надлежни органи, новото јаловиште треба да започне да се употребува од 2018 година. Мерките за безбедност на јаловиштето, но и за заштита на сите медиуми, пред се подземните води и воздухот е од исклучителна важност за регионот. Се уште се свежи сликите од хаваријата на старото јаловиште во 2003 година која ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во регионот од постоењето на рудникот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *