Менаџментот на „Саса“ истражува како живет луѓето околу рудникот. За новите сопственици на рудникот, не е неважно какви се социо – економските услови на нивните први соседи и дали и колку тие можат да помогнат во нивно подобрување.
Поради ова, ангажирана е специјална агенција, која треба да го спроведе истражувањето на терен:
- Истражувањето е за изработка на една Студија за социо-економската положба на овие луѓе, кажа Славјанка Дојчиновска Андонова, консултант за животна средина.
Во исто време, рудникот ќе му овозможи на овдешното население механизам за жалби и поплаки:
- Во тек е изработка на еден механизам за олеснување на постапката за доставување поплаки, но и за изнаоѓање брзи решенија за истите, појасни Дојчиновска Андонова.
Намерата на менаџментот е да се воспостави соработка со месното население, како дел од активностите за одговорност и транспарентност во работењето.