РУДНИК САСА ДОНИРАШЕ 10 000 ЕВРА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ЖЕНСКИОТ ФУБАЛ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

Во насока на поддршка и развој на спортот во Македонска Каменица, а во соработка со општина Македонска Каменица, Рудник САСА издвојува средства за донација во Женски фудбалски клуб “Каменица САСА”. Издвоените средства од Рудник САСА во износ од 10 000 евра, од страна на ЖФК Каменица САСА ќе бидат користени во текот на оваа натпреварувачка сезона. ЖФК Каменица САСА, како клуб е формиран оваа година, а веќе се натпреварува во Првата македонска женска фудбалска лига. Клубот вкупно опфаќа околу 40 жени фудбалери, кои се натпреваруваат во две категории, младинска и сениорска. ЖФК Каменица САСА како клуб се роди и се наоѓа под кормилото на Зоран Златковски, тренер на ФК Каменица САСА во минатата натпреварувачка полусезона, инаку фудбалер од нашиот град со богато интернацинално искуство.


Со оваа, како и со уште многу други донации во досегашниот изминат период, Рудник САСА останува и докажува, дека е активен чинител во поддршката за развој на спортот, науката и образованието, културата и квалитетот на живот кај сите категории на граѓани во нашата Општина, а особено кај младите во Македонска Каменица.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *