РОДНИНИ СЕ ТЕПАЛЕ ВО ДВОР БЕЗ ДА ПРЕКРШАТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ДВАЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

Неофицијално, се степале две домаќинства од исто семејство, кои подолго време биле во кавга и не збореле меѓу себе (Фото: СДК.МК)

Во масовна тепачка на една фамилија од скопското село Кучевиште во петокот, две лица се тешко повредени и се однесени во градската болница „Мајка Тереза“.

Со овој настан не е прекршен полицискиот час, ни изјавија од МВР.

Според првичните информации, се работи за две семејства, роднини, кои живееле во ист двор на улицата „7“ во селото, а меѓу нив подолго време имало расправии и некомуницирање едни со други. Во петокот околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека „по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С. Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с. Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63)“.

Според полицискиот билтен, презимињата на сите учесници завршуваат со иницијалот „Г“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *