Рекреативен марш во природа во чест на харојот Миле Јаневски Џингар на 21. Септември 2022 година

Македонска Каменица, 17.09.2022 година – На 21 септември 2022 година, со почеток од 08:30 часот, во Македонска Каменица ќе се одржи Рекреативен марш во природа „Миле Јаневски Џингар“.

„Рекреативниот марш во природа“ започнува од училишниот двор на средното училиште, а по однапред обележана пешачка патека по земјена и асфалтна подлога, завршува во родното место на Миле Јаневски Џингар, маало Ума во село Костин Дол. Вкупна должина на патеката, која е од категорија на лесни и средно тешки патеки, е 10 километри.

За учесниците на Рекреативниот марш во природа, покрај „ланч пакет“ и освежителни пијалоци, организаторите на настанот КИЦ „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“, имаат обезбедено организиран превоз за враќање на учесниците кон Македонска Каменица.

Право на учество имаат сите лица со навршени 14 години. Пријавувањето се врши преку следните контакт телефонски броеви 070 786 000; 078 566 469 или непостредно пред почетокот на Рекреативниот марш во природа во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“

„Миле Јаневски е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на Македонија, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.
Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија“.

 

Горан Бразда

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *