Рекорден број верници на црковно народниот собир на Еленец, село Цера

Традиционалната храмова слава и народниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера по повод христијанскиот празник “Покров на Пресвета Богородица” ги собра верниците кај манастирот кој го носи името на мајката Божја и се слави секоја година на 14 октомври.

Како што велат организаторите овој собир е еден од најстарите и традиционалните во село Цера. Собирот е во организација на жителите од селото, но и здружението на граѓани “Еленец“ од село Цера.

Како што раскажуваат мештаните легендата за манастирот “Покров на Пресвета Богородица” датира од римско време.

-Постојат податоци уште од римско време кои велат дека верниците доаѓале местото каде имало издлабена карпа, и поставено икона пред која се молеле, а карпата стои и ден денес на Еленец каде има света вода за која се верувало дека била лековита. Потоа овде се изградило мало манастирче веднаш до светата вода за да во деведесетите години од минатиот век манастирот да се изгради и да го добие денешниот лик, велат мештаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *