Реконструкција на обиколницата околу Кочани и регионалниот пат Виница- Берово

obikolnica330.11.2017  Рехабилитацијата на асфалтот на обиколницата околу Кочани, како дел од магистралниот пат А3, влезе во програмата на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на поголем број патни правци во државата.

Освен оваа делница, уште четири патни правци во источниот регион се предвидени за поправка, на местата што се сметаат за најкритични. Меѓу нив е и регионалниот пат Р1304 од Виница до Берово во должина од 7 километри.

Според информациите од ресорното министерство, од идната година ќе стартува нов инвестициски циклус за реконструкција на патните правци за кои се обезбедени пари преку Светска банка и другите меѓународни финансиски институции.

– Во наредниот период фокус ќе ставиме на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина преку 420 километри и инвестиција од над 86 милиони евра и тоа: реконструкција на обиколницата Кочани, должина од 7 км, проценета вредност од 2 милиони евра, реконструкција на патен правец Пробиштип – Крупиште, должина 18 км, проценета вредност 6 милиони евра, реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса, должина 10 км, проценета вредност 1,5 милиони евра, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Дополнително, во наредните неколку месеци треба да се изработи техничка документација за реконструкција, по што ќе започнат и градежни работи, на  делницата од Делчево кон граничниот премин со Бугарија во должина од 5 километри и од Делечево до Пехчево во должина од 15 километри.

Што се однесува до обиколницата околу Кочани што беше завршена на почетокот на 90-те години, до сега на неа немаше никаква градежна интервенција, а асфалтот на повеќе места е распукнат и има нерамнини поради што возењето е небезбедно. Освен тоа, неопходна е замена и на сообраќајната сигнализација која е нефункционална и непрегледна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *