Регистрирани над 1.000 нови случаи на рак на дојка

Под итно да се направи регистар на заболени од малигни заболувања, особено на дојка и матка, карциноми кои најмногу ги засегаат жените, бараат од Здружението „Борка“.

Без водење на евиденција, нема следење на состојбата. Во моментов, според здравствените установи, имаме 1.150 новозаболени жени од рак на дојка, но според Здружението, бројката воопшто не е вистинита:

  • Jaс велам дека ги има повеќе и штета е што нашите здравствени установи и власти уште нема регистар на новозаболени, не само на рак на дојка, туку за ниеден друг вид, кажаАтина Саздова, член на „Борка“.

Саздова е една од илјадниците жени кои се оперирани од најстрашната болест на денешницата. Нејзината борба со ракот започнала пред 17 години :

  • 2000-та година имав три операции, на двете дојки и на матката. Бев на хемотерапија, се помина и сега јас сум среќна сопруга, мајка и баба на едно внуче, раскажа Саздова.

Иако најголем процент на заболени се жени, сепак оваа болест не ги одминува ниту мажите :

  • Почетокот беше многу тежок и за мене и за целото семејство, но после првите испитувања ситуацијата беше друга, се оперирав и на некој начин се излечив, вели Благоја Боцевски, член на „Борка“.

Според дел од членовите на Здружението, оперираните жени од овој тип на болест, мора да имаат одредени привилегии :

  • Жените оболени од рак на дојка или матка би требало да се третираат како еден вид инвалиди, истакна Маријана Тодорова, член на „Борка“.

Ова, и многу други искуства и барања беа презентирани на 10-годишнината од формирањето на Здружението „Борка“, кое јубилејот го одбележа во Виница :

  • Го цениме секој миг и животот, затоа што е еден и неповторлив. Затоа денес сме собрани овде како и во битките, да го славиме и животот, изјави Снежана Секуловска, член на „Борка“.

Инаку, Македонија сеуште е на врвот во Европа според смртност од рак на дојка, а најмладиот заболен пациент во државата има само 16 години.
izvor

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *