Две лица се повредени во два одделни сообраќајни несреќи што се случиле во регионот.
Во првот случај, при судир на автомобил и мотор, на патот кон Плачковица, повредена е 30-годишна жителка на Пробиштип, коај била сопатничка на моторот.
Во вториот случај, жртва е 17-годишна девојка,која е удрена од автомобил марка „мерцедес“ во центарот на Виница.
Двете повредени се со повреди кои не се опасни по живот. виничанката е пуштена на домашно лекување, а пробиштипјанката е задржана во болница. кај неа се констатирани нагмечувања на глава и скршерна бутна коска.
Тројцата возачи чии возила учествувале во сообраќајките, биле под дејство на алкохол.