Ратко Захариевски во Агротим говори за одгледувањето на шафранот

(Видео) Во тек е бербата на шафранот во Костин Дол – Ратко Захариевски ни открива што сѐ е потребно и колкава е инвестицијата за да се одгледува „црвеното злато“

Ратко Захариевски од селото Костин Дол во близина на Македонска Каменица, веќе три години произведува шафран, најскапиот и најбараниот зачин во светот. Тој е единствениот кој го произведува ова „црвено злато“ во Македонија. Го прашавме како дошол до идејата да произведува шафран.

„Идејата дојде од децата, тие се во Швајцарија, виделе на интернет, изразија желба да земеме и да посадиме. Го набавивме од Холандија, со транспорт, превоз, со царини, сѐ што требаше, ги изоравме нивите, ги заградивме и почнавме да работиме. Работиме трета година и сме презадоволни од производот“, вели Ратко.

Ратко одгледува шафран на 3,5 декари, а инвестицијата со транспорт и царина го чинела 6.000 евра за 30.000 луковици. Ратко вели дека шафранот не бара посебни услови за одгледување, успева на пониски места, единствен услов е во нивата да нема многу трева. Вели дека околу производството на шафран нема мнгоу работа бидејќи тоа е култура која одлично се адаптира и на ниски температури и во период на високи температури и суша. Исто така не треба и ѓубрење.

„Некаде отприлика за еден декар површина е потребно околу 10 илјади луковици, кои, бидејќи шафранот е триплодно растение, за наредните три години ќе станат сто илјади. Веќе во четвртата година се постигнува родот, а после тоа следната година мора да се смени парцелата и на нејзино место да се засади друга култура, а луковиците да се пресадат на друга нива. Нивата се заорува и се израмнува како за садење пченка, а садењето се врши рачно“, објаснува Захариевски.

Целиот текст овде

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *