Расте онлајн тргувањето – во услови на ковид, граѓаните ги смениле потрошувачките навики

Поради Ковид кризата граѓаните ги смениле потрошувачките навики. 36 проценти од нив го зголемиле обемот на онлајн купување. Од почетокот на кризата  забележан  е раст од 177 проценти во онлајн трансакциите кон домашните е-трговци. Сепак граѓаните немаат многу доверба кон странските трговци поради што купувањето е намалено за 36 проценти. Северна Македонија е рангирана на врвот ,но  по ниското  ниво на дигитални вештини на населението истакна на он лајн конференцијата претседателката на Асоцијацијата Нина Ангеловска

„Најголемиот предизвик  за е-компаниите е ниската дигитална писменост на населението,на второ место е наоѓањето на соодветен кадар. Најголема бариера повторно е ниското ниво на свест и навики за онлајн купување и недовербата“, истакна Нина Ангеловска.

Амбасадорката на САД  Кејт Мери Брнз, ја нагласи  поддршката за развој на е-трговијата.

„Тоа може да има опиплив импакт врз економијата. Тоа помага во креирање на нови можности особено за младите луѓе кои во изминатите години се иселуваа во вознемирувачки бројки . Оваа  земја има огромен технолошки потенцијал. Искористувајќи ги овие потенцијали би можеле да ја подигнат Северна Македонија а можат да ја направат и регионален лидер во Е-трговијата“, посочи Кејт Мери Брнз.

Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис рече американската амбасадорка. COVID-19 влијаел на промена на навиките на е-купувачите. Од анкетираните 2.800 испитаници, 37 проценти или  значително повеќе од порано  почнале да купуваат онлајн. Близу 20 проценти прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Најголемо влијание за онлајн купувањето има и пониската цена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *