Расте бројот на загинати во Албанија, досега 7 жртви од земјотресот

Бројот на загинати во земјотресот што рано изутринава ја погоди Албанија се искачи на 7. Како што пренесуваат агенициите, една од жртвите е жителка на селото Тумане, а маж од Курбин загинал откако во паника скокнал од прозорецот на зградата. Тројца загинати се од градот Драч, а за двајца се уште нема официјални информации.

Земјотресот со сила од 6,4 степени што изутринава, околу 04:00 часот ја погоди Албанија. Земјотресот бил регистриран 30 километри западно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *