Ракометарките на “Астра Спорт” шампионки на Академија Металурт (2006/7)

Вчера во Автокоманда се одигра фајналфор турнирот на мини-лигата на Академија Металург, која ги доби своите шампиони за сезона 2018/19.

Одлични натпревари, во кои екипите прикажаа голема желба за победа, голема борба, но само најдобрите успеаа да застанат на тронот – шампиони на Академија Маталург. Колибри од Скопје (Ж.2008 и помали), Астра Спорт од М.Каменица (Ж.2006/7), Ре Медика од Скопје (М.2006/7) и Тиквеш од Кавадарци (М.2004/5) се новите шампиони на Академија Металург.

Каменичките ракометарки од Астра Спорт успеаа во финалето да слават против екипата на Нова Македонија со   10:4 (5:3). Најдобар играч на натпреварот е прогласена Филиповска Стефанија од екипата на Астра Спорт

Конечниот пласман на екипите од генерација изгледаше вака:

1. Астра Спорт

2. Нова Македонија

3. Синалко

4. Д.И.Малешевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *