РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО – ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО!!!

Македонската репрезентација успеа да го добие историскиот натпревар во Тбилиси на Динамо Арената, против домашната селекција на Грузија, во финалето на Лигата на Нации.

Во првиот дел очекувано, тврда и рововска битка се водеше на теренот во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија.

Главно играта на средината на теренот, со многу борба, и со многу грешки. Грузијците беа нешто подобри во поседот на топката, имаа и три шанси, додека Македонија еднаш преку Пандев се закани со директна закана кон Лорија, кој одбрани и изби во корнер.

Во вториот дел средбата започна мирно, а потоа, во 56-та минута се случи најдобриот момент од средбата.

Акција како од фудбалските учебници, во тика-така стил. Елмас си поигра со противниците, со топката играше и Несторовски, а одличната акција со гол ја круниса Горан Пандев.

Во остатокот од средбата Македонија беше подобар противник, уште две одлични шанси за гол имаше Елмас, најпрво во 66-та, а потоа и во 75-та минута од средбата.

До крајот нашите момци издржаа и го остварија сонот – обезбеден пласман на Европското првенство 2021 – за прв пат во историјата на Македонија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *