Работилница на тема “Граѓанинот е вистински инспектор” одржана во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22.08.2019 година – Во Македонска Каменица се одржа првата работилница како дел од проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ кој здружението „ИНИ“ од Виница во наредниот период ќе го реализира во партнерство со „Хоуп“ од Македонска Каменица. Како што истакна стручниот консултант Зоран Биковски, главна цел на проектот е мобилизирање на трудовиот инспекторат и подобрување на условите за работа на работниците.

-Наша цел е всушност да го мобилизираме повеќе трудовиот инспекторат да биде на терен и да работи доследно на почитување на законот за работни односи и почитување на работничките права, како во текстилниот сектор, така и во рударството. Од средбата заклучивме дека всушност во Македонска Каменица, постои недостаток на работна сила, а забележани се и прекршувања на работничките права, рече Биковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *