Пчеларите од Македонска Каменица го одбележаа Св. Харалампие – заштитникот на пчелите

Македонска Каменица,23.02.2020 година (kamenica.mk) –  Здружението на граѓани – „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица пред православниот храм – Успение на Пресвета Богородица, по повод денешниот христијански празник Св. Харалампиј – заштитник на пчеларите организираше собир на членовите на Пчеларското здружение.
На собирот, во Паркот на пчеларите беа поделени разни медоносни садници кои пчеларите ќе ги засадат во своите пчеларници. Со тоа ќе го подобрат приносот на мед бидејќи овие дрва цутат во покасните месеци во годината кога веќе престанува цветната паша на пчелите. Оваа мерка Здружението ја реализира со помош на локалната самоуправа и Рудник САСА кои ѝ оваа година дадоа поддршка за реализација на оваа програма.

Здружението на граѓани – Еко Кам Мед најави богата програма за 2020 година која ќе содржи соодветни обуки и набавка на литература за пчеларите од Македонска Каменица. Здружението ќе организира и посета на пчеларници надвор од Македонска Каменица со што пчеларите ќе можат да остварат контакти и размена на ускуства со пчеларите од другите региони.

sdr

На настанот присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која издрази задоволство од активностите на Здружението, изрази радост поради добрата организираност на пчеларите и најави зголемена соработка и помош кон пчеларите, со цел зголемување на пласманот на каменичкиот мед, како брендиран производ на домашниот и европскиот пазар на здрава храна.

„Еко Кам Мед“ има над 100 членови на здружението кое е во тенденција на пораст. Радува фактот дека има се повеќе млади пчелари кои се зачленуваат во Здружението кои гледаат егзистенција во оваа дејност, – изјави Боге Јанковски, претседател на здружението “Еко Кам Мед”.
Јанковски ја искористи приликата пред присутните пчелари на денешниот собир да изрази благодарност до градоначалничката Стаменкова и локалната самоуправа за постојаната поддршка и сѐ поголемата соработка, која резултира со повисок степен на организираност и посветеност на развојот на пчеларството во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *