ПРОЧИТАЈТЕ: Баскет Кам девојките со жестока лекција за МЗТ среде Скопје

14.03.2021 година – Баскет Кам се апсолутни фаворити за освојување на Првата македонска кошаркарска лига на Македонија – Исток и фаворити за освојување на медал во разигрувањата на крајот од првенството. Денес резултатски, буквално го демолираа тимот на МЗТ Скопје нанесувајќи му пораз на домашен терен од 41:100 кошеви.

ЖКК Баскет Кам по осум одиграни натпревари без пораз е лидер на табелата со максимални 16 бодови. Втор е Вардар со два натпревари повеќе и 15 бодови.

Следното коло екипата на Баскет Кам ќе го одигра во Спортската сала во Македонска Каменица од каде Kamenica.Mk ќе врши директен пренос во живо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *