Протест во Тетово: Казината и обложувалниците на 3 км од градот бара Движење против коцкањето

Движењето против коцкање одржа прес конференција за медиумите каде јавно упатија барање казината и спортските обложувалници да бидат на три километри далеку од градот. Во Тетово има над 30 казина и над 140 спортски обложувалници. Доколку не се исполни нивното барање за дислоцирање на казината и спортските обложувалници, од Движење против коцкање најавија протести на 21 декември на плоштадот Лирија во Тетово.

„Нашето барање е 3 км далеку од населените места, упатуваме апел до власта особено до пратениците кои се членови и заменици членови во Комисијата за финансирање и буџет, да бидат одговорни и внимателни при гласањето на законот и во исто време бараме јавна дебата и ги известуваме дека нема да прифатиме никаков закон кој е во спротивност со барањата на Движење против коцкање, закон кој ќе биде на штета на интересите на граѓаните“, изјави Џемал Абдиу од Движење против коцкање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *