Просечната жена минува 4 месеци од животот бирајќи облека за на работа

Дали и вие стоите пред гардероберот со главоболка што да облечете утре на работа?

prosechna-zena-minuva-4-meseci-od-zivotot-birajki-obleka-za-na-rabota-01.jpg

Во типичен работен ден жените губат просечно по 14 минути размислувајќи што да облечат за на работа, што е еднакво на 2 ипол дена годишно.

Во текот на просечен работен век од 47 години, тоа се 119 дена минати пред гардероберот.

Повеќе од една третина од жените тврдат дека се чувствуваат под притисок да изгледаат на одреден начин на работното место, а дури 76% константно имаат тешкотија да проценат што е соодветно.

Половина од испитаничките велат дека на работното место немаат строг дрес код, па тоа дополнително им го отежнува изборот.

Дејвид Клифт, водичот на истражувањето во кое учествуваа 2.000 жени што работат во канцеларија заклучува:

„Жените чувствуваат голема несигурност околу дрес кодот на работното место и голем дел од нив секој ден се загрижени што ќе облечат. Тие имаат многу поголема доза на непотребен стрес околу тоа за разлика од мажите.“

28% од жените се пожалиле дека на работното место добиле лоши коментари за нивниот изглед, најчесто за некоја фризура, пирсинг или тетоважа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *