ПРОНАЈДЕН Е ИЗГУБЕНИОТ ГРАД НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Пронајден изгубениот град на Александар Македонски

Изгубениот град се смета дека било магично место, а сега 2. 000 години по смртта на Александар Македонски, археолозите сметаат дека го пронајдоа тоа место.

 

Научниците прв пат забележале траги од древна населба во 1996 година, додека ја гледале снимката од Калатга Дербенд во Ирак, направена од американски шпиони.  Но, поради политички конфликт, истражувањето било пролонгирано до неодамна, кога со помош на современа технологија е потврдено дека станува збор за град стар два милениуми. Се смета дека него го основал Александар Македонски во 331 година пред нашата ера и дека во него се населиле 3. 000 негови војници.

Инаку, Калатга Дербенд, чиј назив на курдски значи  „дворец на планински прелаз“ , бил на патот на големиот војсководец, кога тргнал во напад на Персија во 331 година п.н.е. Водачот на истражувањето, британскиот археолог Џон Мекгинис кажал дека во пролетта цела област била снимена со дрон, а со ископувањето се пронајдени остатоци и статуи што сугерира дека градот бил населен од поданици на Александар Македонски.

Меѓу пронајдените статуи е женска фигура за која се претпоставува дека е статуа од Персефона, грчката божица на земјоделието и машка фигура која се смета дека е Адонис, кој во грчката митологија е бог на убавината и страста и паричка со ликот на Ородес II . изгубениот град со големина од 60 хектари.

Проектот на ирачката влада за обнова на историските места вреден 40  милиони долари, бил уништен од страна на исламската држава, а во него била предвидена и посета на ирачки археолози во Лондон за обука во британски музеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *