Македонска Каменица, 20.03.2021 година – Погледнете го промотивното видео на Рибарски вистини за Калиманско Езеро.
Во оваа кризно време на пандемија во Светот, сите ТУР оператори даваат приоритет на активниот туризам а не на масовниот туризам. Се надеваме дека со постирање на овие промотивни видеа на нашиот канал ќе допринесеме бар малку да се промовираат нашите риболовни води и за развој на овој вид туризам.
Само во Македонија има регистрирано повеќе од 37200 рекреативни риболовци а во Европа има повеќе од 20 милиони риболовци. Нашиот канал е специјализиран за риболов и лов и има голема посетеност надвор од Македонија, односно повеќе од 3,4 милиони прегледи со 570 илјади часа гледаност според статистика на YouTube.
Бистро и со Добар поглед!