Промотивен настан на Македонија2025 во Штип

20.03.2018 – По промотивните настани во Тетово и Прилеп, организацијата Македонија2025 на 22-ри март во Штип, ќе одржи уште еден настан од ваков тип во просториите на Urbanista Hotel & Bar.

Овој настан има за цел да ги промовира програмите и активностите на Македонија2025 како и можностите за образование на бизнис професионалците во Македонија. Исто така има за цел да ги поврзе бизнис професионалците и претставниците од дијаспората во Штип и да ги претстави можностите за заедничка соработка.

На настанот ќе се промовира и Самитот Македонија2025 кој е најголемиот настан од овој вид во Македонија и регионот. МК2025 Самит е динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, лидерството и иновациите. Следејќи го трендот на претходните години, и оваа година очекувани се 40+ панелисти, врвни експерти и високо рангирани регионални и глобални лидери.

Промотивниот настан ќе се одвива од 15:30 до 17:30 часот.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на office@macedonia2025.com најдоцна до 21-ви март.
За сите дополнителни прашања контактирајте нè на office@macedonia2025.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *