Променливо облачно со локален дожд

Македонска Каменица, 18 април 2018 – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12 степени, а дневната од 17 до 25 степени.

Во Македонска Каменица и околината слично време, променливо облачно повремено со поголеми сончеви периоди и со услови за краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно ќе засилува. Температурата од девет до 23 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер.

Во петок во северните делови и во Осоговието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде малку пoсвежо.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во пораст

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *