Променливо облачно, попладне дожд и снег

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Утринската темпереатура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 10 до 18 степени.

Во Македонска Каменица променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 15 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *