Проекција на филмови во Сули-ан на „Скопско лето“

Во рамки на „Скопско лето“ вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на филмот „За телото и душата“, на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан.

„За телото и душата“ (2017, Унгарија) е драма во режија на Илдико Енједи. Во главните улоги се јавуваат Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер… Филмот ги има освоено следните награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди…

Утревечер, вторник, на истата локација ќе биде прикажан францускиот филм „Откачени трудници“, со почеток во 21 часот. Филмот е комедија, во режија на Ноеми Салио, а во главните улоги се Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *