Продолжуваат градежните активности во Македонска Каменица. Започна изградбата на простории во повеќе месни заедници

Македонска Каменица, 21.02.2019 година – Градоначалничката Соња Стаменкова, започна со увид во градежните активности кои во моментов се извршуваат на повеќе локации во Општината.

Во истовреме, на изградба на згради за потребите на месните заедници се работи во село Тодоровци, во село Косевица, Дулица и село Саса. Покрај изградбата на целосни објекти во три од месните заедници, во останатите шест е предвидена изградба на помошни простории и армирано-бетонски настрешници во рамките на постоечките објекти. Општината за овој проект со кој значително се подобрува квалитетот на живот во селските средини издвои вкупно 8.3 мил денари. Освен во руралните, градежната офанзива е присутна и во градските средини…

„Во моментов интензивно се работи на довршување на улица Вера Јоциќ. Истата ќе биде завршена во најкус можен рок, со што на граѓаните од истата конечно ќе им се реши проблемот со пристапот до нивните индивидуални живеалишта. Улицата е со должина од 470 метри, изјави Соња Стаменкова-градоначалник на о. Мак. каменица

Цената на договорот за изградба на улица „Вера Јоциќ е 8.7 мил денари. Освен тоа, се работи и на доуредување на кејот на река Каменичка.

„Исто така Класик Компани од Струга, задолжена со Договорот за изведба на градежни актиности и партерно уредување,интензивно работи на повеќе локации во градот за целосно исполнување на истиот. Се уредуваат повеќе пристапни пешачки патеки во градот, тротоари и пристапни патеки до пешачки мостови од кеј на Каменичка Река“,посочи Стаменкова

Договорот е вреден околу 7,3 мил ден денари. Активностите на терен продолжуваат и во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *