Пријавени случаи на труење со храна во Кочани и Делчево

За три дена – три случаи на труење со храна се регистрирани во болниците во Штип и Кочани. Се работи за две лица од Виница  и едно од Делчево кои со симптоми на труење побарале лекарска помош.

Двете виничанки, пред да ги почувствуваат проблемите карактеристични за труење со храна,  јаделе во иста сендвичарница во Кочани. Дали, токму таа е изворот на заразата засега нема информации. Ова, сепак не е нелогично, зашто Кочани, односно пирошки од домашна работичница за храна беа причина за масовно труење на гости од најмалку три свадби и дваесетина хоспитализирани пациенти.

Делчевката, пак, била задржана неколку денови на Штипското инфективно одделение, но таа се води како изолиран случај.

Засега , според извори на ТВ Стар, нема да се земаат мостри од сендвичарницата каде  пред турењето јаделе винчанките, но доколку во наредните неколку денови се јават и нови случаи, тогаш веројатно ќе биде вклучена и инспекцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *