Прием во Општина за успешните спортсисти

Општина Македонска Каменица денес организираше прием за спортистите кои во изминатиот период постигнаа значајни успеси и достојно го презентираа нашиот град. На приемот присуствуваа кошаркарките на КК „Баскет Кам“, младите ракометарчиња од „Астра спорт“, малата гимнастичарка Елвира Јангеловска, Бошко Стаменковски, Марио Ристов и Анастасија Стојковска.

„ Македонска Каменица може да биде горда на сите Вас, кои годинава достојно не претставувте и постигнавте значајни резултати. Јас и целата општинска администрација Ви на огромните успеси.  Вашите успеси се одлична промоција на нашата општина и дополнителен мотив и стимул за сите останати спортисти. Ќе се заложиме сите овие постигнувања и резултати да бидат соодветно наградени, со што ќе дадеме нов импулс за младите луѓе да се занимаваат со спорт“ – рече на денешниот прием градоначалниката Соња Стаменкова.

Инаку, сите успешни спортисти ќе бидат наградени со викенд патување, а во наредниот период, општинската администарција интензивно ќе работа на подготовка на нов Правилник за нивно соодветно наградување.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *