Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на ТВ 24

Приведен Миле Пенов,  напаѓачот на снимателот на тв 24

Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдуваат за ТВ 24 од истрагата. Пенов  ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвонителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.

Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов.

Извор: ТВ24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *