Приведена девојката која јавно пушеше џоинт во центарот на Скопје

Порталот Досие.мк објави дека попладнево во Градскиот парк била приведена девојката која вчера се појави на видео на социјалните мрежи во кое пуши џоинт во центарот на Скопје.

Сведок на приведувањето била новинарката на Досие, Кристина Мачкиќ која од грб ги сликала полицијаците. По ова полицајците ја легитимирале и неа и иако немаат право да го бараат тоа од новинар, побарале да ги избрише сликите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *