Претставен оперативниот план од проектот за оддржлив развој на Македонска Каменица

На денешниот состанок со претставници од општина Македонска Каменица, на градоначалникот Димчо Атанасовски му беше претставен оперативниот план за првата фаза од проектот за оддржлив развој на Општина Македонска Каменица

Во оваа фаза од проектот фокусот ќе биде на пронаоѓање и градење на капацитетите кои ќе го имплементираат проектот на локално ниво, утврдување на туристичката и земјоделска стратегија за промоција на општината, како и дефинирање на брендот на Македонска Каменица, – велат од PrimePoint

Општина Македонска Каменица ќе се движи во вистински правец, преку создавање на долгорочен концепт за развој и ангажман на сите локални фактори, како и со вклученост на локалното население.
Конечно ќе понудиме правилни решенија за поддршка на новите и постоечките бизниси, ќе создадеме услови за развој на земјоделието и туризмот, – истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Преку јавен повик, како што стои во соопштението од PrimePoint, жителите на Македонска Каменица ќе имаат можност преку доставување на идеи и предлози, директно да бидат вклучени во развивање на промотивната програма за својата општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *