ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФК КАМЕНИЦА-САСА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Како резултат на серијата порази на ФК Каменица САСА  и катастрофалните резултати на клубот на стартот од Втората фудбалска лига, во текот на минатите денови Претседателот на клубот Тони Анастасовски, веќе си има поднесено оставка од функцијата. Инаку екипата од Македонска Каменица, ФК Каменица САСА во новата натпреварувачка сезона влезе со силни амбиции, засилени финансиски приходи и со реални желби очекувања за пласман во горниот дел од табелата. Но, стартот говори нешто сосема друго. Саса има освоено само еден бод, а претрпе дури пет-шест порази.

Според нашите неофицијални сознанија оставката е резултат на наталоженото незадоволство и притисок внатре во клубот и кај публиката на трибините и јавноста, пред се заради прикажаната слаба игра на клубот и постигнатите резултати. Други информации и шпекулации сега за сега нема да пласираме. Ќе го причекаме понатамошниот развој на настаните и официјално известување од клубот. Каменица.мк како информатор во градот ќе продолжи со известувањата за сите новости поврзани со нашиот градски клуб ФК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *