Пресврт на временската прогноза, продор на топол бран и високи температури до понеделник – ова се деталите

Како што веќе најавивме, од утре започнува продорот на топол воздух од југ, кој особено за време на викендот ќе услови невообичаено високи температури на воздухот.

Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност и тоа особено во недела, кога ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Исто така за време на викендот, како и во понеделник Сахарската прашина која ќе биде присутна кај нас ќе услови времето да биде релативно мачно и поспарно.

Protekta

Да напоменеме дека очекуваните температури за време на овој топол бран ќе бидат повисоки од нормалните дури за 8 до 10 степени.

Условите за врнежи ќе започнат да растат од понеделник па натаму, додека нов пад на температурите на воздухот ќе имаме од вторник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *