Преполовен родот на вишните во Пијанец

Преполовен родот на вишните во Пијанец. Пред стартот на бербата, регионот каде годишно се очекуваа над 2 илјади тони вишни, како резултат на пролетните мразеви ќе се наберат двојно помалку. Од најголемиот откупувач на свежи вишни во регионот Рудине ММ, пресметале дека од сопствените насади кои се на површина на околу 200 хектари, наместо очекуваните 1.300 тони, ќе наберат едвај 600 тони.

  • Во старт значи дека 50% суровиснкиот дел е намален, сите очекувања се сведени на 50% , кооперантите се во незавидна ситуација и доколку не дојде до обештетивање од државата, доколку не се субвенционира, изјави Богдан Стојановски, менаџер во Рудине ММ- Делчево.

Сите договори со кооперантите од страна на најголемиот откупувач Рудине ММ ќе бидат испочитувани, но цената која се уште е неизвесна, зависи од пазарот. Според првичните информации и очекувања на производителите, цената би се движела од 30 до 35 денари за килограм во зависност од квалитетот што, сепак, е двојно поголема во споредба со лани.

  • Многу е неблагодарно да се зборува за цената, регионот за Србија, Полска, Кина се појавува со готов производ, годинава се очекува регуларна цена половина од цената на готовиот производ, а количините ќе бидат малу, а квалитетот е различен и ценам дека дел ќе има добар квалитет, кажа Стојановски.

Инаку, втора година по ред мразот го преполовува прозводството на овоштарите. Големите комбинати размислуваат и за воведување иновативни мерки за заштита од мразеви

  • Малите парцели во Пвајцарија и Германија ги штитат со палење огнови на секои пет метра со кансти со песок и нафта, но за големи површини како напите тоа е неизводливо. Во Израел се приемнува иноватиен метод со заштита со водена пареа и тоа е поле на кое ние во иднина треба да поработиме за заштита на насадите, истакна Стојановски.

Од МЗШВ по извршената проценка на теренот, потврдуваат дека штетите од пролетните мразеви во Пијаенц на одделни површини се движи од 30% до 60%. Инаку, бербата на вишната во Пијанец ќе стартува за две недели.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *