ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА „ОЛОВНА БРИГАДА“ – КУЛТНИОТ ФИЛМ СНИМЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО 1980г.

Ќе се прикажува филмот „Оловна Бригада“ снимен 1980 година во Македонска Каменица

Во Домот на култура во Македонска Каменица во четврток и петок, на 3 и 4 октомври 2019 година, ќе се прикажува „ОЛОВНА БРИГАДА“ филм снимен во нашиот град во далечната 1980 година.

Филм за кој зборуваат сите повозрасни граѓани на Македонска Каменица. Филм за кој се врзани многу анегдоти и случки со позантите Екс ЈУ актери кои се дел од „ОЛОВНА БРИГАДА“.

Од КИЦ „Романса“ известуваат дека, доколку постои интерес кај граѓаните од Македонска Каменица и регионот, филмот ќе биде прикажуван и во дополнителни термини.
Проекцијата започнува во 19:00 часот, влезот е слободен.
Присуство на лица под 12 години не е дозволено.
Бројот на влезници е ограничен.

Одлична можност за жителите на Македонска Каменица и регионот да го гледаат дигитализираната верзија на ова филмско остварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *