Прекин на сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Делчево

На граничниот премин Делчево во прекин е сообраќајот за товарни возила

24.Х.2017 (kamenica.mk)

Авто-мото сојузот на Македонија утрово соопшти дека на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација што се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Извор: newsroom.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *