Презентација на План за економски раст ќе се одржи во Делчево

Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани и претставници од бизнис-заедницата од регионот, дека на 7 декември (петок) во банкет-салата на хотел „Македонија“ во Делчево со почеток во 11 часот ќе се одржи информативен настан – Презентација на трите столба од Планот на економски раст на Владата на РМ и проектите на Фондот за иновации и технолошки развој.

На информативниот настан ќе присуствуваат министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фонд за иновации и технолошки развој. На настанот  е предвиден термин за прашања од присутните. Целна публика се компании од регионот на Малеш и Пијанец кои би можеле да бидат потенцијални корисници на некоја од бројните мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *