Прегазил 15-годишно девојче, го однел во болница па избегал. Мајката на девојчето го бара со помош на “facebook”

Петнаесетгодишно девојче синоќа било прегазено додека на зелено го минувала пешачкиот премин на раскрсницата на улицата Даме Груев, кај трговскиот центар „Палома Бјанка“, во Скопје. Возачот го однел повреденото девојче во Градската болница, но потоа му се губи трагата.

Мајката на девојчето, на социјалната мрежа фејсбук, бара помош од граѓаните, кои можеби биле очевидци на несреќата, за да се открие идентитетот на возачот. Девојчето од ударот се здобило со неколку скршеници и со потрес.

-На лице место на ќерка ми и помогнал очевидец, кој за среќа е доктор. Ми кажа дека возачот, откако ја прегазил, ја одминал, па се вратил и ја однел во Градската болница, а потоа си заминал. Возачот е на возраст од 40-50 години и возел „тојота авенсис“, вели мајката на девојчето.

Таа повеќе информации за возачот побарала и во Градската болница, но оттаму и кажале дека не оставил податоци. Исто така и посочиле и дека камерите кои се во кругот на болницата не работат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *