Прв позитивен случај со коронавирус во Делчево

По Виница и Пехчево, во крајниот исток во уште еден град има заболен од корона вирус. Станува збор за Делчево, а информацијата се очекува денес да ја потврди министерот за здравство.

Според информациите, станува збор за маж на возраст околу 60 години.

Покрај еден позитивен случај во Делчево, денес се очекува да биде потврден уште еден случај во Пехчево (втор), а два случаи има и во Виница.

Со ова и крајниот исток добива заразени од корона вирусот, нешто што го немаше во претходниот период, кога западниот и централниот дел од државата веќе беа позитивни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *