Прво место за Каменица Саса 09/10 на Меѓународен детски турнир во Благоевград, Бугарија

Фудбалерите на ФК Каменица Саса од 09/10 генерација и 10/11 учествуваа на Меѓународниот детски фудбалски турнир кој се одржа во Благоевград, Бугарија. Со три победи против Беласица од Струмица 3:1 и Хлапетата 2:1 завршија на првото место во групата, a во финалниот натпревар против Мечетата успеаа да слават со високи 4:0 во финалниот натпревар.

Генерациите 10/11 иако беа најефикасна екипа на турнирот, на крај сепак завршија на третото место. Минимално беа поразени од Беласица. Забележаа две високи против Хлапетета од 7:0 и во борбата за трето место со 6:0.

Најдобар стрелец и напаѓач во генерациите 2010/11 е Кристиан Атанасов. Додека Петар Аралампиевски е најдобар стрелец на турнирот со постигнати 11 голиви на три одиграни натпревари.

Честитки за младите фудбалери на Каменица САСА, за големиот успех.

   

   

   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *